Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Претпладне сончево и топло, попладне пороен дожд и грмежи

Денеска сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Попладне и кон крајот на денот ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, претежно во јужните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени, со УВ индекс 7.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 36 степени.

Во попладневните и вечерните часови, претежно во планинските подрачја ќе има појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Повеќе услови за нестабилност ќе има од четврток кога на повеќе места ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе биде во постепено опаѓање.

Во наредните денови во попладневните и вечерните часови, претежно во планинските подрачја, ќе има појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Повеќе услови за нестабилност ќе има од четврток кога на повеќе места ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе биде во постепено опаѓање./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Мециновиќ: Државата од криза во криза не учи, а граѓаните ја плаќаат цената

ДЕСК

Билатерални средби на претседателот Гаши на маргините на 152. Собрание на ИПУ во Истанбул

ДЕСК

Филков се сретна со граѓански организации за реформите во изборното законодавство

ДЕСК