Centar.mk
СВЕТ

Две лица починаа од вирусот Западен Нил во Грција

Две лица починаа од вирусот Западен Нил во Грција, според најновиот извештај на Националната канцеларија за јавно здравје, со што вкупниот број на починати од почетокот на годинава се искачи на 12.

Во извештајот се наведува дека починатите биле на возраст меѓу 61 и 92 години. Во последната недела биле дијагностицирани уште 24 „домашни случаи“ на пациенти, додека вирусот бил откриен и кај три лица од Албанија.

Во Грција се регистрирани вкупно сто случаи на вирусот Западен Нил, објави порталот „creta24.gr“. Од нив 76 се тешки, а 24 полесни случаи.

Во соопштението на Националната канцеларија за јавно здравје се наведува дека се очекува во наредниот период да бидат регистрирани нови случаи.

На територијата на Европа, покрај во Грција, вирусот Западен Нил е регистриран и во Италија, Шпанија, Франција, Австрија, Унгарија, Романија, Хрватска и Србија./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Израелската армија издаде предупредување за евакуација до жителите на јужен Либан

C +

Либански медиуми: Израелската армија погоди два автомобила во близина на Бејрут

C +

Ирански медиуми: Ирански супертанкер помина низ Ормускиот теснец без никакво криење

C +