16.8 C
Скопје
20. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Силни критики во коментари на фејсбук постот на Тошковски

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на социјалните мрежи објави повеќе детали во врска со скандалот на претседателот на Собранието, Африм Гаши кога на граничниот премин Блаце, покрај службените возила на Гаши, без проверка биле пропуштени и приватни возила од поворката која одела по невеста во Косово.

Тошковски призна дека приватни возила биле пропуштени без проверка, но и дека Гаши и неговото семејство ги користеле службените возила за приватни цели. Министерот истакнува дека планот за патување на Гаши и неговото семејство бил пријавен однапред, но исто така пишува дека граничниот премин на 18 август во период од 18:40 часот до 18:42 часот го поминале шест возила под полициска придружба од кои три полициски и едно ВИП возило.

Тоа значи дека покрај четирите службени возила, три полициски и едното возило во кое се превезувал Гаши, граничниот премин без контрола и евиденција го поминале уште две приватни возила.

Ваквата објава на Тошковски сепак наида на низа критики во коментарите. Граѓаните го прашуваат Тошковски по кој закон функционерите може да ги користат и злоупотребуваат службените возила за приватни цели, заедно со нивните семејства и пријатели и му порачуваат дека граѓаните не плаќаат данок за функционерите да ги возат и семејствата на држвен трошок.

Граѓаните се револтирани од користењето на службените возила за приватни цели, но и флагрантното кршење на законите од страна на Гаши и останатата свадбена поворка, која непроверена поминала граница.

Во коментарите има и такви кои се шегуваат дека фали на крајот Тошковски уште да му се извини на Гаши за непријатностите, но има и многу кои бараат Гаши да биде сменет од позицијата на претседател на Собранието.