Centar.mk
Фото: Delegation of the European Union
МАКЕДОНИЈА

Награда „Вавилон – Нова генерација“ 2026 за најдобар студентски превод

Вчера, Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија во партнерство со Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, ја додели наградата „ВАВИЛОН – нова генерација“ за најдобар студентски превод. Настанот се одржа во Јуроп Хаус во Скопје, по повод Европскиот ден на јазиците.

Целта на наградата ВАВИЛОН е да им даде поддршка на младите преведувачи во Северна Македонија и да ја нагласи важноста на квалитетот во книжевните преводи. На конкурсот можат да се пријават студенти со превод на книжевно дело од кој било од 24-те официјални јазици на Европската Унија на кој било од јазиците што се зборуваат во земјата. Како дел од наградата, студентите што конкурирале учествуваат и во резиденција за книжевен превод, посветена на усовршување на нивната преведувачка умешност под менторство на етаблирани преведувачи.

Овогодишната добитничка на наградата е Ивана Јаковова за преводот на краткиот расказ „Ноќ во Тунис“ (од Нил Џордан) од англиски на македонски јазик, а наградата ѝ ја додели амбасадорот на ЕУ Михалис Рокас. Наградата се состои од студиско патување поврзано со превод.

Конкурсот за следното издание на наградата „Вавилон – Нова генерација“ ќе биде распишан во рана пролет 2027 година.

фото: Delegation of the European Union

Можеби ќе ве интересира

СТУДЕНТСКИОТ ОБРОК ПРЕД СУД – Се бара усогласување на 140-те денари со инфлацијата

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Банкротирањето на Еуростандард банка во време на СДС е класичен пример дека СДС и Филипче сакаат банки да пропаѓаат, граѓаните да останат без своите пари, а државата ништо да не направи

ДЕСК

ВЛАЖНИ ПАТИШТА И ОПАСНОСТ ОД ОДРОНИ – АМСМ со предупредување за возачите

ДЕСК