17. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Објавена производната цена на килограм винско грозје за двете најзастапени сорти за 2024 година

Интегрален текст од соопштението на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство:

Објавена производната цена на килограм винско грозје за двете најзастапени сорти за 2024 година

Ве известуваме дека денеска Земјоделскиот институт – Скопје заврши со пресметката на производната цена на килограм винско грозје за двете најзастапени сорти за 2024 година, Смедеревка и Вранец.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство земајќи ја во предвид пресметката на Земјоделскиот институт – Скопје за производната цена на килограм винско грозје за двете најзастапени сорти за 2024 година, зголемена за 25% согласно Законот за вино.

Цената на килограм грозје Смедеревка со пресметаните 25% ќе изнесува 18,3 денари.

А, цената на килограм грозје Вранец со пресметаните 25% ќе изнесува 20,8 денари.

Имено да потсетиме дека производната цена за килограм винско грозје за двете најзастапени сорти за 2024 година се пресметува согласно Законот за виното (Службен Весник 74/24) и по Методологија за пресметка на трошоците за производство на килограм винско грозје на определена површина и соодветен квалитет (Службен Весник 146/24).

Претходно Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство спроведе Јавен конкурс за избор на институција и склучи Договор со Земјоделски институт – Скопје за вршење на услугата.

За денеска најавена е средба со менаџментот на Винските визби и откупувачи, каде ќе се дискутира за новите цени и откупот на грозје.

Можеби ќе ве интересира

Џаферовска: По тргедијата во Велес СДСМ бара оставка од Панче и разрешување на цело СВР Велес

C +

Шукова: Со Зона 30 ќе го запреме дивеењето по скопските улици

C +

Манасков: Нема учебници, СДСМ бара оставка од Јаневска!

C +