Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пожарот кај Битола е локализиран, но се уште постои опасност, од Пелистер е оддалечен 10 километри

Регионалниот ЦУК Битола известува дека Екипите од ТППЕ Битола, НП ,,Пелистер”, ДПД,,Арханѓел” и доброволци се повлечени од терен од пожарот на м.в.Смолево (Општина Битола) во 23.00 часот. На терен во гаснењето биле активни повеќе од 50 луѓе и пожарот е локализиран но се уште постои опасност, бидејќи еден крак од истиот е се уште активен во густа борова шума и е во правец на с.Буково.

До овој момент не се загрозени населени места и објекти. Во текот на ноќта очекувано се намали интензитетот на горење на оние места каде што пожарот е се уште активен. Пожарот е одалечен од НП,,Пелистер” околу 10 км.

Екипите од ТППЕ Прилеп кои го гаснеа пожарот во атарите на с.Слепче и Гостиражни се повлечени од терен околу 23.30ч./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Филипче до Мицкоски: Ги оставивте работниците без поголеми плати

C +

Мицкоски до Филипче: Сто пати ви кажав, за ЕУ нема да водиме мекотелна политика

C +

Филипче: Од Владата на Мицкоски граѓаните веќе не може да очекуваат ништо, можеби банкрот

C +