Centar.mk
ЛОКАЛНО

Повеќе од 10 часа делови од Скопје без струја

Повеќе од 10 часа делови од Скопје се без струја по вчерашното невреме проследено со дожд, силен ветер и град.

Според информациите објавени вчера, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија се два 110-киловолтни далекуводи кои ги снабдуваат трафостаниците „Аеродром“ и „Исток“.

Краткотрајното невреме што синоќа зафати делови од главниот град предизвика повеќе штети, паднати дрвја, оштетени автомобили, кровови, поплавени домови.

До Центарот за управување со кризи биле пристигнати пријави за 35 паднати дрвја, 15 бандери, 21 оштетен кров, 10 поплавени домови и две оштетени возила./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Осум нови практиканти започнаа платена пракса во Општина Центар со месечен надоместок од 15.000 денари

ДЕСК

АВИОНСКО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ: Градот објави кога ќе се врши дезинсекција

ДЕСК

Скопје добива нова, модерна противпожарна станица во општина Аеродром

ДЕСК