Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Зеленски: Се бориме против страшен непријател, но нема да се предадеме

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, им порача на Украинците денеска, по повод Денот на државноста на Украина, да се борат против „страшниот непријател“, но дека нивната земја нема да се предаде.

„Украина не може да се согласи на ништо помалку од тоа да живее, да се зачува и да преживее. Украина нема да му се потчини на злото, ние мора да го победиме“, изјави Зеленски на својот профил на X.

Според него, оваа битка е борба за независност која ќе ја наследат идните генерации.

Украинскиот претседател додаде дека Украина нема да попушти пред непријателот кој, како што наведе, „пролева крв заради сопствената болна самодоверба, кој ја презира вистината – и човечката и божествената – и омаловажува се освен себе си“.

„Русија ја гради својата државност токму на ова, но ние сме различни. Ние веќе сме одвоени од овој непријател со нашиот дух. Мораме да го победиме ова зло“, напиша Зеленски./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Путин веќе ја почна Третата светска војна

C +

Путин потпиша закон кој им дозволува на ФСБ да го исклучат интернетот во Русија

C +

Унгарија: ЕУ сака утре да го усвои 20-тиот пакет санкции кон Русија, ние ќе го блокираме

C +