21.8 C
Скопје
24. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Сѐ уште гори кај „Пепелиште“, но не се загрозени селата Пепелиште и Војшанци

Сѐ уште гори во реонот на армискиот полигон „Пепелиште“. На 10-километарскиот огнен фронт нема опасност и загрозување населби, објекти и инфраструктура, според информации од теренот.

И денеска од утрово се дејствува врз пожарот, а ЦУК упати и барање за поддршка за целосно извидување на теренот од воздух до МВР, а и барање за извидување од воздух со дронови на Граничната полиција и Фронтекс.

Конкретно, денеска, во раните утрински часови, се дејствува врз пожарот во реон на армискиот воен полигон „Пепелиште“ од страна на ТППЕ од Неготино и јавните комунални претпријатија од општината, а и со локална поддршка од месното население. Опасниот крак од пожарот на 10-километарскиот огнен фронт, што го ги загрозуваше селата Пепелиште и Војшанци, вчера е изгаснат, така што повеќе не постои повеќе опасност од пожарот за двете села.

При утринската координација на ТППЕ од Неготино, ЦУК и МВР е одлучено хеликоптер на МВР утрово да дејствува на теренот на кој е пожарот во правец од с. Војшанци кон сртот на планината Серта за да не префрли пожарот кон Конечка Планина. Таму има густа вегетација од ниска шума, нискостеблеста иглолисна вегетација и висока трева.

Дел од екипите на пожарникарите од ТППЕ и јавните комунални претпријатија од Неготино се концентрирани на поголемите жаришта од пожарот на планината Серта. Тие ПП-екипи, заедно и со дел од мешаните, континуирано дејствуваат во тој предел за да го стават пожарот под целосна контрола.

Целата операција на дејствување врз пожарот е задолжен да ја води командирот на ТППЕ и по негова процена дека има потреба од дополнителни ресурси за справување и гаснење на пожарот преку градоначалникот на општина Неготино ќе ги побара од соседните општини.

Армискиот хеликоптер „ми-17“ е планирано да се вклучи во гаснење на пожарот денеска околу 12 часот.

Утрово, ЦУК упати и барање за поддршка за целосно извидување на теренот од воздух до МВР, а и барање за извидување од воздух со дронови на Граничната полиција и Фронтекс (Европската агенција за гранична и крајбрежна стража, што обезбедува оперативна поддршка во управувањето со границите како помош и во нашата држава).

Центарот за управување со кризи информира дека, генерално, од опасниот пожар во реонот на армискиот воен полигон „Пепелиште“, кој имаше 10-километарски огнен фронт, нема опасност и загрозување населби, објекти и инфраструктура, според информации што до ЦУК пристигна од терен и од Општина Неготино./Извор:Makfax