Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Мицкоски од Вашингтон: Трета странска инвестиција Американската Вабтек доаѓа во државата 35 милиони евра и нови 100 вработувања

Објава на Мицкоски:

Уште една одлична вест, од Вашингтон.

Трета недела, за трета нова странска инвестиција.

По инвестицијата од 500 милиони долари на Алказар Енерџи во ветерен парк која е најголема во регионот и инвестицијата на германско белгиската компанија Епсотех Аим во Петровец од 20 милиони евра, Американски Вабтек ќе инвестира во Македонија. Компанијата Вабтек е дел од петстоте најголеми компании во САД.

Остварив средба со извршниот Потпретседател на компанијата во Вашингтон каде што беше потврдена динамиката на реализација на новата инвестиција.

Повеќе од 100 нови вработувања, инвестиција вредна 35 милиони евра.

Ќе се инвестира во производство на сопирачки за шински возила.

Поголем извоз за подобра иднина.

Можеби ќе ве интересира

Функционер барал 100.000 евра мито, го фатиле кога требало да добие прва рата од 50.000 евра

ДЕСК

Синоптичарите ја објавија најновата прогноза – Какво време да очекуваме?

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК