39.8 C
Скопје
15. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Поддршката на медиумите ќе биде во насока на напредок и независност

“Во Македонија, по однос на медиумите е прифатен еден термин „регулација“ на медиумскиот простор, за кое јас би се обидел да употребувам термин реформа, кој ќе значи позитивен развој на медиумите и една сеопфатна политика каде што медиумите сами ќе го кажат начинот на кој што би сакале да ги постават правилата на игра.”, изјави Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на вечерашното телевизиско гостување на МРТ.

“Бидејќи никогаш не е доста од реформи, ќе овозможиме сеопфатна медиумска политика што би содржела стратегија за развој на медиумскиот сектор во насока на изнаоѓање минимум услови и стандарди кои одговараат за медиумите.” напомена Андоновски.

Исто така, министерот додаде дека во една инклузивна дебата, би добиле законски решенија во кои државата ќе регулира само тоа што треба да се регулира.

“Силен јавен сервис, кој ќе ја извршува основната улога да информира, да едуцира и да забавува на високопрофесионален начин и кој ќе биде независен од центрите на моќ во извршната, законодавната или судската власт”