Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за изборот на Филипче: Не се мешаме во внатрепартиските работи на СДСМ

Премиерот на Владата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање како го коментира изборот на Венко Филипче за претседател на СДСМ, рече дека нема да се меша во внатрепартиските работи на СДСМ бидејќи тоа е работа на органите и членството на партијата.

„Па, видете, тоа е работа на СДСМ на членството на СДСМ. Ние рековме дека нема да се мешаме, не сакаме да им го правиме на другите она што не сакаме нам да ни го прават. На Филипче му посакувам успешна работа, да бидат конструктивна опозиција, да работат во интерес на граѓаните и татковината“, рече Мицкоски и додаде:

„Јас и во моето експозе во парламентот кажав дека секогаш станува збор за интересите на Македонија и македонските граѓани, подавам рака, а така ќе биде и во иднина. Членството на СДСМ одлучило така, нам не ни преостанува ништо друго, освен таа одлука да ја почитуваме бидејќи немаме право и не сакаме да се мешаме во внатрешните работи на другите политички партии“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Променливо облачно време со температура од 11 до 18 степени

C +

СДСМ: Владата избра луксуз за себе наместо покачување на платите на работниците

C +

Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

C +