Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина го зголемува производството на беспилотни летала, оружје, муниција, опрема, машини за деминирање и сè што е потребно на фронтот.
„Украина го зголемува производството на беспилотни летала, одредени видови оружје, муниција, опрема, машини за деминирање и многу други основни предмети – сè што е потребно на првите линии за да се спасат животите на нашиот народ со моќта на технологијата“, напиша Зеленски на каналот „Телеграм“, пренесува „Укринформ“.
Бонус видео:
Според него, оваа војна покажува дека технологијата на бојното поле е ефикасна одбрана од агресија во современиот свет./Извор:Makfax


