Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пет лица загинаа во напад со беспилотно летало во руската област Курск, меѓу нив и деца

Пет лица загинаа во напад со беспилотно летало во руската област Курск во близина на границата со Украина, објави регионалниот гувернер Алексеј Смирнов на Телеграм.

„Меѓу жртвите има и две деца. Удрена е куќа во селото Городиште во Рилската околија. Двајца други членови на семејството, од кое се жртвите, се во тешка состојба“, додаде Смирнов.

Претходно руското Министерство за одбрана соопшти дека се уништени шест украински беспилотни летала над неколку руски региони, вклучувајќи ги Тверската, Белгородската и Брјанската област, како и над Крим.

Сообраќајот по Кримскиот мост бил во прекин околу еден час рано утринава и сега вкупно околу 600 автомобили се собрани од двете страни на мостот/Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Зошто нема жртви во еден од најмоќните земјотреси во историјата?

C +

Трамп призна: Се разделив од Епштајн кога направи нешто несоодветно

C +

Земјотресoт на Камчатка силен како 15.800 атомски бомби фрлени врз Хирошима

C +