Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Најмногу дожд во изминативе 24 часа падна во Штип

Најниска темепратура во државата утрово од 11 степени Целзиусови е измерена во Берово. Следат Крушево со 13 степени, 14 во Крива Паланка и Претор, 15 Битола, 16 Охрид, Тетово, 17 Штип и 18 степени во Скопје кај Петровец, Демир Капија и во Куманово.

Најмногу воден талог за изминатите 24 часа заклучно до 8 часот е наврнат во Штип од 9 л/м2, а во Крива Паланка 1 л/м2 .

Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на Упрвата за хидро метеоролошки работи. Поради локалноста на процесите, од УХМР посочуваат дека паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 37 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 34 степени./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Дафина Стојаноска: Извештајот на ЕК годинава е подобар од лани, а Жерновски е човек кој не верува на институциите

ДЕСК

БРИСЕЛ БАРА ВИДЛИВИ РЕЗУЛТАТИ – Рокас го предаде извештајот на ЕК и предупреди на слабостите во борбата против корупцијата

ДЕСК

ДВАЕСЕТ И ПЕТ ПРИЈАВИ ЗА ПЕТ ДЕНА – Полицијата привела 14 лица по случаи на семејно насилство

ДЕСК