Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

Времето се влошува: Од вторник обилни врнежи и засилен ветер – Синоптичарите ја објавија најновата повеќедневна прогноза

Под влијание на циклонска активност, од вторник до крајот на работната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во вторник врнежите ќе бидат побилни во западните делови. Во среда наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 l/m²). Ќе дува умерен до засилен ветер претпладне од северозападен, а попладне од североисточен правец. Во четврток врнежите ќе бидат пообилни во југоисточните делови (над 15 l/m²), а во петок ќе бидат со послаб интензитет.

Прогноза за 30.03.2026
Минимална температура: -2°C до 5°C
Максимална температура: 10°C до 17°C

Променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 31.03.2026
Минимална температура: -2°C до 4°C
Максимална температура: 8°C до 15°C

Променливо облачно со локални врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови во вечерните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 01.04.2026
Минимална температура: -2°C до5°C
Максимална температура: 7°C до 13°C

Oблачно со врнежи од дожд кои наместа ќе пообилни (над 20 l/m²). Ќе дува умерен до засилен ветер претпладне од северозападен, а попладне од североисточен правец.

Можеби ќе ве интересира

ВРЕМЕТО СЕ ВЛОШУВА: По сончев викенд следуваат дожд и невреме

ДЕСК

Важна вест за возачите кои ќе возат на патот Плетвар – Прилеп

ДЕСК

ЗНМ: По истекот на рокот за избор во МРТ, јавноста очекува кредибилен и целосно транспарентен процес

ДЕСК