Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Серија апсења во Скопје и Штип

На 19.06.2024 во 17.45 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар лишиле од слобода лице(38) од Гостивар, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 19.06.2024 во 20.30 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Полициската станица Центар ги лишиле од слобода две лица од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 19.06.2024 во Штип, полициски службеници од Полициската станица Штип и Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип лишиле од слобода лице(43) од Штип. На ул.„Сремски фронт“ во Штип, полициските службеници пронашле марихуана која лицето ја фрлило, при обидот да побегне од нив. По целосно документирање на случајот, против В.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Сиљановска-Давкова – Милатовиќ: Заедничка визија ни е стабилен и просперитетен регион, интегриран во Европската Унија

ДЕСК

УДИРА СИЛЕН ЦИКЛОН: Дожд, снег и засилен ветер низ Македонија – прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Осуденик нападнал друг затвореник со остар предмет во Затвор Прилеп

ДЕСК