Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка на патот Куманово – Липково, загина 19-годишник

На 18.06.2024 во 17.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Липково, во с.Оризаре, липковско, патничко возило „опел зафира“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.А.(21) од с.Никуштак, општина Липково, излетало од коловозот. Во несреќата од здобиените повреди на местото починал сопатникот Р.А.(19) од с.Никуштак, а лекар од Здравствен дом Липково констатирал смрт, соопшти МВР.

Возачот Р.А. се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата во Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЛ МАЛОЛЕТНИК ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ, СПОРЕД ПРИЈАВАТА – Полицијата приведе 45-годишен маж

ДЕСК

12-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ПРИЈАВЕНО ЗА ИСЧЕЗНАТО, ПА СЕ ВРАТИЛО ДОМА – Мајката тврди дека малолетник против нејзина волја ја заклучил во автомобил

ДЕСК

ЈА НАПАДНАЛ СОПРУГАТА И Ѝ НАНЕЛ ПОВРЕДИ, СПОРЕД ПОЛИЦИЈАТА – Кривична пријава против 42-годишник од Гостивар

ДЕСК