24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРОМОБИЗНИС

Халкбанк e генерален партнер на The Founder Games – Првото реално шоу за стартапи

Премиерната сезона на првото реално шоу за стартапи е пред самиот крај. Додека публиката ја очекува последната епизода во која се дознава победничкиот тим и идеја што ќе патува во Силиконската Долина, разговараме со Маја Наумоска Савеска, Директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк АД Скопје, генерален спонзор на The Founder Games.

 

Како генерален спонзор на The Founder Games, што значи ова реално шоу за вас и како го гледате неговото влијание врз стартап екосистемот во нашата држава? Што поконкретно ве поттикна да ја поддржите оваа иницијатива?

Халкбанк од секогаш бил поддржувач на бизнисот, особено на малите, средни и микропретпријатија бидејќи оваа категорија компании, иако се столбот на економијата, имаат најголем проблем кога станува збор за пристап до финансиските средства.

Стартапите пак, се многу значаен сегмент кој има огромен потенцијал да влијае на развој на економијата. И всушност многу светски познати, глобални компании започнале како стартапи.

Стартапите ги поттикнуваат иновациите и напредокот во секој сегмент од економијата преку решавање на предизвиците или измислување нови начини на работа. Тие ја водат дигиталната трансформација на традиционалните индустрии и играчите на пазарот, со што се создава континуиран циклус на развој на таленти и, следствено, повеќе можности за вработување.

Иако бројот на успешни приказни во нашата држава е во постојан раст, сепак, интересот за инвестирање сè уште не е на задоволително ниво. Според анализата на ФИТР – „Connecting Macedonian Startup Ecosystem 2021“, повеќето стартапи се финансираат со лични заштеди на самите претприемачи. Како што се развиваат, полека се свртуваат кон надворешни инвестиции, бидејќи поголемиот дел од стартапите изискуваат дополнително финансирање.

Токму поради сево ова, Халкбанк, како голем поддржувач на бизнисот реши да се приклучи во подигање на свеста за можностите кои ги нуди стартапот, во што The Founder Games е од голема помош, како и за конкретна поддршка.

 

Kои се вашите лични впечатоци за претприемачите и нивното патување додека го следевте прикажувањето на The Founder Games?

Основен впечаток е дека во Македонија има маса на исклучителни таленти, млади луѓе, со идеи, на кои им е потребна поддршка.

Од инкубатори и акцелератори до програми за финансирање и настани за вмрежување, инфраструктурата за раст на стартапите во Македонија постојано созрева, поставувајќи ја основата за иден успех.

А The Founder Games е место кое ги обединува на некој начин сите потребни сегменти за обезбедување на што е можно побрз и поголем развој на Старт-ап индустријата.

Оваа платформа преку креативен и интерактивен концепт на реално шоу, го прикажува, подготвува и насочува развојниот пат на стартапите, со цел да им обезбеди можност за опстојување, потребен капитал и инвестиции, но и соодветни вештини кои им се несебично споделени од страна на искусните ментори.

 

Дали имате некои конкретни моменти од шоуто што ве импресионираа и сметате дека ќе имаат најголемо влијание врз младите претприемачи и гледачите кои размислуваат да започнат сопствен бизнис?

The Founder Games не е само реално шоу за претприемачи туку е и приказна за сите  кои веруваат во силата на соништата и борбата за успех.

Убаво беше да се види како тимовите се борат, учат и напредуваат и да се добие

уникатна можност да се погледне „зад завесата“ на стартапите, да се видат сите емоции, дебати и одлуки што честопати остануваат неспоменати, што обезбедува  подлабоко разбирање и апрецијација за процесот на претприемништвото и учење низ пример.

Веруваме дека ова ќе помогне во создавањето на нова култура на претприемништво која ги вреднува иновациите, ризикот и најважно – вербата во сопствениот потенцијал.

Претприемништвото не е само за избраните неколкумина со пристап до големи ресурси, туку за секого кој има сон и волја да работи напорно за да го оствари.

 

Каде го гледате The Founder Games во иднина? И како банкарските институции, на чело со Halkbank би биле вклучени во поддршката на стартап екосистемот според Вас?

Секоја револуционерна иновација, од сијалицата до интернетот, започна како „луда идеја“. Прифаќајќи го овој дух на смела креативност, Халкбанк ја започна својата мисија за финансирање на следниот бран храбри, неконвенционални идеи кои се подготвени да ги револуционизираат индустриите и да ја обликуваат иднината.

Препознавајќи ја критичната потреба за достапно, флексибилно и ефикасно стартап-финансирање, Халкбанк подготви прилагодено финансиско решениеза справување со уникатните предизвици со кои се соочуваат сопствениците на мали бизниси. Со цел за зајакнување на стартапите, овозможен е иновативен пристап за кредитирање, кој ветува дека ќе го трансформира пејзажот за претприемачите и малите претпријатија.

Водена од мотото дека „секоја деја звучи лудо на почеток“, Халкбанк со својот нов кредитен производ  Start-up кредит  е посветена токму на поддршка на претприемачите-визионери кои се осмелуваат да размислуваат поинаку. Платформата за финансирање на стартап компании обезбедува финансиска поддршка и стратешки насоки неопходни за трансформирање на овие навидум чудни идеи во успешни потфати.

А што се однесува на The Founder Games… мислам дека во блиска иднина ќе ги следиме во многу проширени граници од оние на земјава ☺

Која е вашата порака за сите претприемачи кои размислуваат да се приклучат на следното издание на The Founder Games?

Моја порака до претприемачите е дека секоја голема идеја доаѓа од сон, и сите наши соништа можат да се остварат, само ако имаме храброст, пасија и голема посветеност за да ги следиме.

А преку Founder Games,  можат “најлесно” да зачекорат кон портата која ги отвора можностите за остварување на тие сонови..

И за крај би сакале да ја прашаме Сања Митровска – визионерот кој стои зад The Founder Games и основачот на компанијата Нетворкер која го организира ова реално шоу.

Колку е развиен нашиот стартап екосистем и какви се очекувањата за иднината?

Во текот на 5 години постоење на компанијата Нетворкер, која им помага на стартапите да започнат и досега им донела 3 милиони евра во инвестици, можам да кажам дека се чувствува драстичен напредок во овој екосистем. Ако пред 5 години беше „табу“ тема прво работно искуство да е основање на сопствен стартап или да се ризикува корпоративна работа за да се основа свој бизнис, сега тоа станува сѐ повеќе пракса. Дури сме во ситуација каде странски инвеститори од развиени држави ни приоѓаат и сакаат да бидат информирани за добрите стартапи од регионов бидејќи се очекуваат првите еднорози (мали компании кои вредат 1000 милиони евра). И за крај, најцрврст доказ за развојот на стартап екосистемот е тоа што во финансиската област за прв пат, оваа година имаме кредити за стартапи, понудени пионерски од Халк Банка.. Влезот на банкарска институција во финансирање на стартапи, директно ни укажува дека стартап екосистемот се развува со брзи стапки, а квалитетот на продуктите и свеста за иновирање станува еѐ повисока.