Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

132 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (14.06.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 132 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 12 санкции, три мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, осум санкции за користење мобилен телефон при возење.

Изречени се осум мерки за некористење сигурносен појас, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Се разработуваат планови за враќање на македонските државјани од Израел преку Египет, се работи на безбедна евакуација од погодените подрачја, соопшти МНР

C +

Сиљановска-Давкова по средбата со Руте: Најголема гаранција за мирот и безбедноста на Западен Балкан е негова итна и целосна интеграција во ЕУ

C +

СДСМ: ВМРО ја навредува Македонија и го навредува НАТО на првата посета на Руте

C +