Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Османи – Блинкен: Евроинтегративниот процес, функционалната мултиетничка демократија и почитувањето на трите договори се неопходни за зачувување на стабилноста на земјата

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска се сретна со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, на маргините на неформалниот НАТО состанок во Прага.

Како што извести МНР, станало збор за актуелните настани во Северна Македонија, при што Османи брифираше за неопходноста од продолжување на евроатлантскиот пат на земјата, како клуч за стабилноста.

„Евроинтегративниот процес, посветеноста кон функционалната мултиетничка демократија и почитувањето на трите договори се неопходни за зачувување на стабилноста на земјата и регионот“, нагласи Османи

Воедно, Османи се заблагодари за континуираната поддршка од САД за реформските процеси, борбата против корупцијата и демократскиот развој на Северна Македонија. Ја нагласи и посветеноста на земјава во спроведувањето на активностите кои произлегуваат од Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД, кој Османи и Блинкен заеднички го лансираа во Вашингтон, во јуни 2022 година.

Соговорниците се осврнаа и на руската воена агресија во Украина, истакнувајќи дека „како стратешки партнери и НАТО сојузници стоиме обединети во поддршката за украинскиот народ“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Расчистен случај со лажна сообраќајка, лишен од слобода скопјанец, одреден му е притвор

ДЕСК

Денеска уште еден евакуациски лет со 147 патници ќе пристигне во Македонија од ОАЕ

ДЕСК

Царинска управа: кривична пријава против девет лица – луксузно возило „Мерцедес-Мајбах“ во 2023 година е пуштено во слободен промет и регистрирано со фалсификувани документи

ДЕСК