Centar.mk
РЕГИОН

Во Крагуевац евакуиран судот поради закана за бомба

Високиот суд во Крагуевац е евакуиран поради анонимна дојава за бомба околу 8 часот, јавува Нова.рс. Полицијата врши увид во објектот.

Српскиот портал пишува и дека во 9 часот било закажано рочиште за Горан и Борис Гавриловиќ од Вињиште кај Крагуевац, вујко и брат на Урош Блажиќ, обвинет за убиство на девет и ранување на 12 лица ноќта меѓу 4 и 5 мај минатата година.

Гавриловиќ се товари за недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и експлозивни материјали, што предвидува затворска казна од две до 12 години. По завршните зборови, судијата ќе го соопшти датумот на изрекувањето на пресудата./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Силно невреме го погоди Задар, автомобил падна во шахта

C +

Крвав пир во центарот на Белград: 26-годишник со секира убил човек, па го признал злосторството

C +

Немири во Албанија поради проектот на зетот на Трамп: демонстрантите се обидоа да ги урнат оградите

C +