Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

(Видео) Надзорните камери на трговскиот центар во Харков го снимија моментот на нападот, 16 мртви

Бројот на загинати во рускиот напад на специјализиран трговски центар со градежни производи во Харков се искачи на 16. Меѓу жртвите има и 12-годишно дете. Повредени се 44 лица, од кои 14 жени, а 30 мажи.

Олех Синехубов, шеф на воената управа на регионот Харков, изјави дека се идентификувани телата на 14 загинати лица. Тој додаде дека биле пронајдени фрагменти од две тела кои допрва треба да се идентификуваат. Уште осум лица се сметаат за исчезнати.

Нападот се случил во саботата попладне и предизвикал огромен пожар. На пожарникарите им биле потребни повеќе од 16 часа за да го изгаснат пожарот. Националната полиција на Украина објави видео кое го овековечува моментот на рускиот напад. На видеото се гледаат луѓето како лежерно се движат низ продавницата, пред да следи силна експлозија.

„Видеото на кое во моментов работат истражителите го покажува моментот на ударот. Ова јасно покажува дека луѓето биле целосно неподготвени за таков напад. Тие биле на нивните работни места и се занимавале со својата работа. Сега ја анализираме секоја минута од снимката од надзорната камера“, истакна Синехубов./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ТРАГЕДИЈА ВО СИБИР – Пријавена авионска несреќа со руски воен транспортен авион и 17 загинати

ДЕСК

СЕРИОЗЕН ПРЕКИН ВО ТАЈНАТА КОМУНИКАЦИСКА МРЕЖА НА АМЕРИКАНСКАТА НСА – Вработените пристигнуваат во различни термини, засега нема докази за кибернапад

ДЕСК

ПО 26 ГОДИНИ СЕРИОЗЕН УДАР ЗА ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ ВО САД – Малите сипаници повторно голем проблем

ДЕСК