Centar.mk
ЛОКАЛНОвест

МИНАТАТА НЕДЕЛА САНКЦИОНИРАНИ СЕ 180 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА НА ТЕРИТОРИЈА НА ОПШТИНА ЦЕНТАР

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје минатата недела санкционираа 180 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 20.05. до 26.05.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 105 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 75 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.

Можеби ќе ве интересира

Започна реализацијата на проектот за темелно чистење и уредување на коритото на реката Серава, како и изградба на нова пешачка патека во општина Бутел

ДЕСК

Валбон Лимани го промовираше почетокот на работите на две улици

ДЕСК

Герасимовски: Центар ја слави поезијата и музиката, поетска вечер со македонски автори на 18 март

C +