24.2 C
Скопје
22. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото МВР на Србија
РЕГИОН

До смрт претепан брат на министер на Федерацијата БиХ, се огласи српската полиција

Вчера во попладневните часови во Белград е убиен братот на вицепремиерот на Федерацијата Босна и Херцеговина, Војин Мијатовиќ, потврди српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ, пренесе Н1.

„Синоќа околу 18, 19 часот полицијата добила повик дека дошло до тепачка, отишле на адресата на Вождовац, го пронашле повредениот со сопругата. Тој бил пренесен во Итната помош и таму починал“, изјави Дачиќ за Блиц ТВ.

Како што пренесуваат белградските медиуми, Ѓорѓе Мијатовиќ починал откако бил претепан од хулигани во детскиот парк во Вождовац.

Според неофицијални информации, тој бил претепан од две млади момчиња по кои полицијата се уште трага.

Дачиќ нагласи дека се утврдува дали тој починал од ударите кои ги добил.

„Обдукцијата ќе утврди, лекарите велат дека имал и некои епилептични напади“, изјави Дачиќ.

За случајот е информирано Вишото јавно обвинителство во Белград, кое побарало обдукција. Како што пишуваат српските медиуми, синот на Мијатовиќ вчера му се пожалил на татко му дека млади луѓе го малтретирале во паркот и му ја украле топката. Мијатовиќ потоа отишол кај нив, а по кратка дискусија младите го нападнале и го претепале. Тој во тешка состојба бил примен во болница каде им подлегнал на повредите./Извор:Makfax