25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

12 медали за струмичките каратисти од КК „Шихан“ на европскиот шампионат во Словенија

Исклучително горди се директорот и членовите на Фондациата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“, кога секоја подадена рака, секоја поддршка или спонзорство вродуваат со плод. Таков е случајот и со спонзорството за учество на Карате клубот „Шихан“ од Струмица на 27 Европски Фудокан карате шампионат кој, од 16 до 19 мај, се одржа во Терме Олимиа, во местото Подчетртек во Словенија, во организација на Светската Фудокан федерација – WFF.

Македонското знаме на овој шампионат гордо се вееше дури дванаесет пати, како резултат на извонредниот успех на малите каратисти од КК „Шихан“, кои под водство на тренерот Атанас Василев, освоија исто толку медали. На градите на храбрите струмичките каратисти блеснаа 3 златни, 4 сребрени и 5 бронзени медали, во конкуренција на 1200 учесници на Европскиот шампионат. Со тоа КК „Шихан“ повторно докажа дека е еден од најдобрите карате клубови во државата и еден од најтрофејните македонски спортски колективи. Вреди да се спомене дека постигнатиот успех се совпаѓа со јубилејот – 30 години од формирањето на клубот.

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ , на раководството и членовите на КК „Шихан“ им го честита јубилејот и постигнатиот успех, а упатува и апел до сите останати фондации, организации и општествено одговорни компании, да го помагаат македонскиот спорт. Колку поголема помош, толку поголем успех. Нека се множат…