22.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пронајдени две тела во БиХ: Сопругот ја убил сопругата, а потоа и себеси

Телата на две лица Р.А. (69) и М.А. (61), биле пронајдени во куќа во населбата кај Фоча, а според првичните информации мажот ја убил сопругата, а потоа и себеси, потврдија за Радио Фоча во Полициската управа Фоча.

Телата биле пронајдени вчера околу 17 часот по пријава во полиција.

На местото на настанот излегле службеници од полициската управа Фоча заедно со Итната медицинска помош“, додаваат од полицијата.

Оттаму додаваат дека полициски службеници го пронашле телото на жената М.А. и мажот Р.А. со повреди предизвикани од употреба на огнено оружје.

Обвинителот на Окружното обвинителство Требиње е запознаен со се, а најверојатно се работи за убиство и самоубиство.

Во Клиничката болница Фоча денеска ќе се изврши обдукција на телото на брачните другари./Извор:Makfax