Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Филипче: Се повлекуваме од Комисијата, СДСМ нема да учествува во брутално, задолжување на државата за криминални тендери

Секојдневно гледаме како владата на Христијан Мицкоски ја турка земјата во должничко ропство. Последниот предлог е да се земат 300 милиони евра од банки, но банките на Владата не ѝ ги дозволија, што укажува на веќе постоечки сомнежи во нашиот кредитен рејтинг. Имено, конзорциум на банки дозволи кредит од само 260 милиони евра, со ужасно голема каматна стапка од близу 4,5%.

Првото прашање што се поставува е: каде одат овие пари?

Нема редовна исплата на плати по јавните институции. Нема ниту размислување, а камоли најава за зголемување на минималната плата. Се доцни со социјалните трансфери, се доцни со повратот на ДДВ кај компаниите кои се месечни и тримесечни обврзници. Вкупната сума на пари што оваа Влада им ја должи на компаниите за поврат на ДДВ изнесува близу 200 милиони евра.

Овие пари одат само за партиски тендери. И тоа е единственото нешто што добро функционира кај оваа власт.

Опасно се зголемува вкупниот долг. За 2 милијарди евра, за само две години, е зголемено задолжувањето на земјата. Пари што ќе ги враќаат следните генерации.
Вкупниот долг, кој беше 8,5 милијарди евра во 2024 година, сега е близу 11 милијарди евра.

Се поставува прашањето: има ли оваа власт компас? Има ли идеја, има ли визија каде и како ја води државата?

Нашата пратеничка група нема да учествува во ова брутално, секојдневно задолжување на земјата за огромни суми, стотици милиони евра, милијарди евра пари, кои не одат никаде, освен строго контролирано во партиските фирми преку тендерските постапки.

Ние нема да учествуваме во комисиската расправа на оваа тема и целосно се повлекуваме од неа.

Дополнително, сакам да укажам на уште еден скандал. Скандал кој не е нов и кој претседателот на Собранието веќе континуирано го спроведува, а тоа е дека, кршејќи го Деловникот, закажува состанок на Комисијата за финансирање и буџет — комисија што ја води нашата пратеничка Сања Лукаревска — и покрај тоа што таа е тука и не е отсутна, а Деловникот тоа не го дозволува. Кога пратеникот е тука, тој задолжува друг пратеник да ја води оваа комисија.

Имајќи предвид дека ова е веќе пракса на претседателот на Собранието, Африм Гаши, и со тоа го крши Деловникот, најавуваме дека ќе поднесеме кривична пријава и интерпелација за претседателот на Собранието.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Највувам кривична пријава и интерпелација за Африм Гаши за кршење на Деловникот

ДЕСК

ЕК со финансиска инјекција за Македонија: Одобрени 65,7 милиони евра, највисок износ во регионот

ДЕСК

Младите не бараат чудо, туку живот: Македонија повторно се соочува со прашањето зошто најдобрите си заминуваат

ДЕСК