Centar.mk
БИЗНИС

ПРОВЕРУВАЈТЕ ГИ СМЕТКИТЕ: Тргна исплатата на повратот од “МОЈ ДДВ”

УЈП започна со исплата на повратот на данокот преку проектот “МОЈ ДДВ” за периодот од јануари до март 2026-та.

Исплатата на средствата се спроведува етапно, согласно процесирањето на налозите.

Според податоците, над половина милион граѓани се корисници на овој проект, а вкупно ќе бидат исплатени 836 милиони денари.

Со проектот МОЈ ДДВ за скенирање на фискални сметки едно физичко лице во едно тромесечие може да врати до 2100 денари.