Centar.mk
ЛОКАЛНО

КОНЕЧНО: Пред “Епинал” ќе бидат поставени семафори

На преминот на Широк сокак кај плоштадот „Гоце Делчев“ започнаа активностите за поставување на пешачки семафори кои треба да го олеснат преминувањето на пешаците преку оваа сообраќајница, во периодот кога таа не е затворена за сообраќај, а така е во текот на целата година, освен за летниот распуст на училиштата, соопшти Општина Битола.

Овој проект кој беше најавен конечно почнува да се реализира, а плоштадот кој се користи како паркинг простор ќе биде пешачка зона, односно нема да се паркираат возила.

Исто така во план е поставување на пешачки семафори и на преминот кај Камен мост, за што дополнително ќе информираме.

Можеби ќе ве интересира

Се асфалтира ул. „111“ во м.в Јака – Марино, општина Илинден

ДЕСК

Герасимовски: Доделени пехари и награди на Пензионерските спортски игри, Центар го поттикнува активниот живот во третото доба

ДЕСК

Водовод Скопје: Последен ден од акцијата за отплата на долгови без пресметка на камата

ДЕСК