Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Европската интеграција на Северна Македонија е важен стратешки план и приоритет за државата и за сите граѓани во неа

Првиот заменик претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ денес одржа средба со амбасадорот на Република Унгарија НЕ Андраш Клајн, заменик амбасадорката Кристина Тиханји и претставникот Золтан Марки.

На средбата унгарската делегација ги презентираше приоритетите на унгарското претседателство со цел зајакнување на процесот на европските интеграции во претстојниот период. Унгарија претседава со Советот на Европа од 1 Јули 2024 до крајот на годината.

Вицепремиерот Маричиќ со заложба дека европеизацијата на државата мора да продолжи со засилен тек ја истакна важноста од носење на важни одлуки за понатамошно реализирање на стратешките цели на Северна Македонија и регионот.

Неговата екселенција амбасадорот Клајн се заблагодари за досегашниот успех и постигнатите резултати од процесот на евроинтеграција, скрининг процесот, отпочнувањето на преговорите за државата и комплетната подготовка за реализација на европската агенда на државата.

Европската интеграција е важен стратешки план и приоритет за државата и за сите граѓани во неа – истакна Маричиќ.

Можеби ќе ве интересира

УХМР ГИ ОБЈАВИ УТРИНСКИТЕ МЕРЕЊА – Еве каде е најстудено и каде има најмногу дожд

ДЕСК

СЛУЧАЈОТ ШТО ЈА ВОЗНЕМИРИ МАКЕДОНИЈА – Денеска почнува судењето за нападот врз Сара

ДЕСК

УХМР СО ВОНРЕДНО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ќе се формира снежна покривка во делови од Македонија – доаѓа и студ

ДЕСК