Centar.mk
СВЕТ

Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура

Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.

„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.

Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

НОВ ХАОС СО АВИОНИТЕ ВО САД – „Јунајтед ерлајнс“ пријави голем системски дефект, дел од летовите не можат да полетаат

ДЕСК

САД СО БЕЗБЕДНОСНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ЦЕЛА ЕВРОПА – Американските амбасади повикуваат на зголемена внимателност пред празниците

ДЕСК

ЕВРОПСКАТА УНИЈА ОДОБРИ РЕКОРДНА ПОМОШ ЗА УКРАИНА – Речиси 8 милијарди евра за Киев

ДЕСК