Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Апсења на повеќе локации во Македонија

На 10.05.2024 во 21.40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода двајца од Скопје, поради тоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (11.05.2024) во 01.25 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода lлице(22) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 10.05.2024 во 20.30 часот на Граничниот премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода лице од Косово, затоа што при извршена контрола констатирано било дека на увид дал туѓа лична карта, сопственост на неговиот брат лице(26). Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал и миграции-Скопје за понатамошна постапка.

Можеби ќе ве интересира

ВЛЕН: Правичната застапеност добива европски печат и наскоро ќе влезе во Парламентот

ДЕСК

Филипче: Растот на БДП е резултат на поголемата потрошувачка на граѓаните заради инфлацијата, власта манипулира

ДЕСК

Филипче: Економската криза е од лошото владеење на ДПМНЕ, 62 милиони евра изгореа за увоз на струја

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.