18. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Маричиќ: Отворањето на поглавјата значи и отворање на нови фондови на ЕУ, за државата

„Со отворање на поглавјата, со сплотеност и со дисциплина за реформите, влегуваме во финиш на промените кои ни носат европски стандарди и европски квалитет на живот,“ вели првиот вицепремиер Бојан Маричиќ и секретар за меѓународна соработка на СДСМ, во видео обраќање до граѓаните објавено на неговата ФБ страна.

Маричиќ посочува дека СДСМ е најсериозната и единствената политичка опција во Македонија која може да обезбеди продожување на преговорите со ЕУ.

Тој потенцира дека преговорите носат задолжително реформирање на јавната администрација и подобрување на стручноста на државните службеници. Стабилен и доверлив судски систем, заштита на човековите права и активна борба против корупција.

„Со отворање на поглавјата се отвораат и нови фондови на ЕУ за подобрување на нашиот живот. Фондови за економски мерки, за земјоделство, за инфраструктура, за животна средина, за култура, за образование, за млади и уште многу повеќе,“ посочува Маричиќ.

Според него, до крајот на 2025 година државата ќе може да искористи околу 500 милиони евра од ИПА 2 и уште 200 до 300 милиони евра од ИПА 3, пари доделени од Европската Унија. А за македонските земјоделци има над 210 милиони евра годишно од ИПАРД 3 за следните четири години.

„Сега зависи само од нас. Сега е потребно да дадеме глас ЗА продолжување на преговорите со ЕУ, ЗА реформи, ЗА европски фондови, ЗА европска иднина на Македонија,“ порачува Маричиќ.

Можеби ќе ве интересира

Две женски лица нападнале 16 годишно девојче среде бел ден во Скопје

ДЕСК

Нова драма во Карпош: Две лица почнале да му се закануваат на младо момче и неговата девојка, а потоа му го оштетиле возилото

ДЕСК

Тепачка во Шуто Оризари

ДЕСК