Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме?

Сончево со умерена облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во Скопје сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утре под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни и поројни, проследени со ретки грмежи и засилен ветер. Потоа во следните денови ќе има повремени локални врнежи од дожд со слаб, а во четврток наместа со умерен интензитет.

Прогноза за 24.04.2024
Минимална температура: 3°C до 9°C
Максимална температура: 17°C до 25°C

Променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец.

Прогноза за 25.04.2024
Минимална температура: 2°C до 8°C
Максимална температура: 14°C до 22°C

Променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Прогноза за 26.04.2024
Минимална температура: 1°C до 7°C
Максимална температура: 16°C до 23°C

Сончево со мала до умерена облачност.

Можеби ќе ве интересира

ЗУЛУМ ВРЗ СЕДУМДЕСЕТГОДИШНИК: Четворица осомничени за разбојништво во Струмица

ДЕСК

Николоски:  Преку 350 милиони евра Владата инвестира во инфраструктурни проекти во општините, дополнително преку Светска банка инвестираме 25 милиони евра во изградба и рехабилитација на преку 100 километри локални улици низ општините

ДЕСК

СДСМ утре ја промовира „Скопска иницијатива“ на меѓународна конференција

ДЕСК