Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Маричиќ: Во 11 години владеење на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните беа најпогазени, таа партија не може да ја направи Македонија горда

„Што добија граѓаните 11 години со ВМРО – ДПМНЕ, па сега да се надеваат дека ВМРО – ДПМНЕ ќе ги направи повторно горди ве молам. Во тие 11 години граѓаните беа најпонижени, најосиромашени, најпритиснати, најмногу лажени, најмногу охрабрувани и 11 празни и изгубени години за МК, ништо друго не добивме од нивното владеење“ посочи секретарот за меѓународна соработка и кандидат за пратеник од ИЕ1 Бојан Маричиќ, пред собирот на граѓани во Влае.

Маричиќ порача дека само со СДСМ и коалицијата, претседателот Пендаровски и претседателот Ковачевски граѓаните и државата е сигурна затоа што знаеме каде одиме.
„Кој денес има право да каже направивме многу, ја внесовме државата во НАТО, чекориме силно кон ЕУ и никогаш нема да се откажеме од таа ЕУ? СДСМ. Кој денес може да ве погледне во очи и да каже спремни сме за борба и нема да се откажеме од ЕУ? Повторно СДСМ. Кој го нуди планот за развој на државата? Повторно СДСМ. Кој има храброст да ги признае грешките и да каже погрешивме многу работи, но кој работи греши? Повторно СДСМ. Кој има сила да ги исправи грешките? Повторно СДСМ. И нашата коалиција,“ посочи Маричиќ.

Тој кажа дека само СДСМ има план и за економија и за енергетика, наспроти празните ветувања, многу омраза, навреди, манипулации, лаги и црна кампања од другата страна.

Можеби ќе ве интересира

Преку мобилна апликација секој ќе може да си провери дали има казна од „Безбеден град“, ќе се бележи историја на прекршоци за секого

C +

Инцидент во скопско село: Закани со огнено оружје по конфликт за паркинг

ДЕСК

Предновогодишна тепачка во угостителски објект во Скопје

ДЕСК