„Стево Пендаровски, Димитар Ковачевски и СДСМ се единственото раководство кое има план како да се изгради сигурна иднина за Северна Македонија во Европа. Значи во таква иднина, во Европа, во државата ќе може да постои слободно движење, за патување, учење и работа. И вистинска отченост за намалување на корупцијата во највисоките форми. Токму заради тоа со вашиот глас за СДСМ на 24 април и 8 мај, вие избирате европска иднина,“ порача Стефан Левен, претседател на Партијата на европски социјалисти (ПЕС), на митингот на СДСМ, Коалицијата за европска иднина и кандидатот за претседател Стево Пендаровски во Скопје.
Тој се наврати на почетоците и посочи дека уште на почетокот на европска интеграција, Стево Пендаровски и СДСМ се единствените посветени лидери кои работеле целосно да се заврши процесот на пристапување.
„И токму поради тоа на 24 април и 8 мај, вашиот избор е јасен. Гласајте за СДСМ, за европска иднина на Северна Македонија. И да ви кажам од лично искуство како синдикалист и како политичар членството во ЕУ, беше важна основа за развојот на светската економија. Токму поради тоа вашиот глас на 24 април и 8 мај исто така ќе ја одлучи иднината на Северна Македонија како држава членка на ЕУ,“ истакна Левен.
Во однос на социјалните политики Левен посочи дека, за подршката на младите луѓе, СДСМ има силна програма, која следи по ниввната одлична работа, која како што вели Левен, ја спроведе во последните неколку години.