11.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Левен од митингот на СДСМ: Овие избори ќе ја определат иднината на Северна Македонија во однос на социјалните права, зајакнување на младите и интеграцијата во ЕУ

„Овие избори ќе ја определат иднината на Северна Македонија во однос на социјалните права, зајакнување на младите и интеграцијата во ЕУ. Но, пријатели со цел да ги постигнеме најдобрите резултати граѓаните треба да живеат во општество кое што ги штити. Општество каде што демократијата се поттикнува и почитува. И затоа за нас социјаледемократите заштитата на демократијата е основна,“ порача Стефан Левен, претседател на Партијата на европски социјалисти (ПЕС), на митингот на СДСМ, Коалицијата за европска иднина и кандидатот за претседател Стево Пендаровски во Скопје.
Тој упати благодарност до СДСМ, претседателот на СДСМ, Ковачевски и претседателот на Северна Македонија, Пендаровски и Радмила Шеќеринска која ја координира работатата на ПЕС, за поканата да присуствува на сенародниот митинг на СДСМ во Скопје.
„Ова исто значи за решавање на причините за нееднаквост во едно општетсво. Социјалната димензија за која се залагаме, ја зајакнува демократијата бидејќи воспоставува доверба помеѓу граѓаните и избраните претставници, помеѓу граѓаните и јавните институции помеѓу граѓаните и ЕУ. Ние ја зајакнуваме демократијата,со тоа што ги зајакнуваме работниците, преку поквалитетни работни места и достоинствена плата. Преку зајакнување на жените, со рашавање на разликите на платите помеѓу мажите и ѓените и преку зајакнување на младите луѓе со доведување на идни можности со кои што ќе се осигура несигурната работа и ќе се осигура нивното претставување и преку зајакнување на граѓанското општество , на новинарите на оние кои што укажуваат на неправдата,преку бранителите на човековите права,“ порача Левен.
Тој посочи и дека овие уверувања ја водат СДСМ и нивната програма за наредните 5 години. Како и дека Стево Пендаровски, Димитар Ковачевски и СДСМ се единственото раководство кое има план како да се изгради сигурна иднина за Северна Македонија во Европа.