18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Левен од митингот на СДСМ: ПЕС силно верува дека ЕУ може да биде посилна само ако Северна Македонија е дел од неа

„Ако верувате и вие како што веруваме и ние, дека квалитетните работнии места со со фер плати и права се нешто што го заслужува секој работник, ако верувате дека треба да работиме на постигнување на повисок животен стандард и дека тоа треба да е приоритет, ако верувате дека младите луѓе се иднината на Северна Македонија и треба да работиме со нив и за нив, тогаш верувате и во проектот и проектите за кои што се залагаат Сево Пендаровски и СДСМ, и нивната заложба да продолжат по овој пат,“ порача Стефан Левен, претседател на Партијата на европски социјалисти (ПЕС), на митингот на СДСМ, Коалицијата за европска иднина и кандидатот за претседател Стево Пендаровски во Скопје.
Тој посочи дека во година кога има избори насекаде во ЕУ, како и евроспките избори важно е што ќе се избере.
„Од Партијата на европски социјалисти, силно веруваме дека ЕУ може да биде посилна само ако Северна Македонија е дел од неа. Токму поради тоа велиме дека треба конкретни дејствија и активности. Заедно со социјалдемократите во европскиот парламент, силно го подржуваме пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ. Нашата прогресивна фамилија верува во овие вредности. Нашата прогресивна фамилија во ЕП силно го подржа новиот фонд за реформа и раст на Западен Балкан,“ порача Левен.
Според Левен, овие инструменти се јасен одраз на важноста за регионот и посветеноста на ново проширување на ЕУ. Како и дека овие инструменти ќе обезбедат дополнителна подршка и финансиски средства за потребните реформи што ќе гарантира подобри институции, слободни медиуми, отчетност, успешна борба против корупцијата, меѓутоа исто така и зелена транзиција и енергетска безбедност. Тој додаде дека социјалдемократите имаат јасна визија и дека исклучително е важна борбата против корупцијата, која е отров за општеството, и таа мора да биде искоренета.
„Пораката што сакам да ви ја пренесам денеска е дека изборите на 24 Април и 8 Мај, се од исклучителна важност за Северна Македонија. Моќта е во вашите раце и вие самите го бирате правецот по кој ќе се движи земјата во наредните 5 години. Патот кон ЕУ не беше секогаш лесен за Северна Македонија меѓутоа без план овој пат ќе стане уште потежок,“ истакна Левен.
Тој на крајот упати порака дека другите немаат план, единствено Димитар Ковачевски, Стево Пендарвоски СДСМ и коалицијата за европска иднина имаат јасен план како да ја одведат државата во ЕУ.
„Затоа застанете обединети, поддржете ја Северна Македонија, Димитар Ковачевски за премиер и Стево Пендаровски за претседател на овие избори“ порача Левен.