Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Поповски: Нелогично е да се води претседателска кампања без кандидатот, Силјановска Давкова ја нема на голем дел од митинзите

„Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ со сите сили ја поддржува и мора да биде поддршка за Гордана, бидејќи таа не може сама. Има места каде што таа не се појавува. Каде што има помали места, минатата недела беше Новаци, Демир Хисар и Битола. Во Новаци и Демир Хисар, Гордана не оди, само во Битола. Исто и Василево, Босилово и Струмица, само во Струмица се појавува“ рече новинарот и аналитичар, Љупчо Поповски во поткастот „Политиканти“ на „Слободен печат“.

Тој додаде дека можеби ѝ треба повеќе енергија и не би сакал да шпекулира зошто е тоа така, но на главните митинзи се појавува, а не и на останатите.

„Како може да се води претседателска кампања без кандидатот? Тоа е нелогично“ рече Поповски.

Тој додаде дека од друга страна останаите кандидати настапуваат на митинзи и без претседателите на партии, кои веројатно имаат доверба во своите кандидати.

„Можеби ВМРО нема доверба во тоа што го кажува Силјановска, не би можел да кажам, но само поставувам прашање“ рече Поповски.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +