Centar.mk
-ЛОКАЛНО

Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

На денешната седница на Советот на Град Скопје, една од темите за која дискутираа советниците беше за мерката за ослободување од комуналии наменета за младите брачни парови, а која ќе важи и за самохрани родители до 40 години. Со оваа мерка, истите ќе се ослободат од делот од надоместокот за уредување на градежно земјиште, или 60 отсто од вкупни комуналии.

,,Младите до 40 години, ќе имаат можност да изградат свој дом без плаќање на комуналии. Со многу мерки, како и на Владата, така и на Град Скопје, овој период се овозможија доста можности на младите. За оваа година, како јаготката на шлагот, во оваа година од новиот мандат на ова раководство. Ја поздравувам оваа одлука и препорачувам да едногласно ја донесеме во Советот на Град Скопје“, рече советничката од ВМРО-ДПМНЕ, Анета Марковска Илиевска.
,,Со оваа одлука, се врши ослободување од плаќање на комуналии на млади брачни парови и самохрани родители до 40 години, за една станбена единица, односно куќа до 120 метри кавдратни. Апликантите треба да имаат потврда од Катастар дека немаат имот за живеење. Ова е една од мерките со која што градот Скопје директно помага на младите брачни парови и самохраните родители за решавање на станбеното прашање“, вели советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Кукески.

фото ВМРО ДПМНЕ

Можеби ќе ве интересира

МОН и ЕБОР ќе соработуваат за развој на програми за обука, вештини и квалификации за зелени работни места

ДЕСК

Филипче објави Записник од седница на Владата за Алта банка: Барам оставка од Кочовска, истрага од ОЈО и за Мицкоски и вклучување на Европското обвинителство

ДЕСК

Проширени капацитетите на детската градника „Гоце Делчев“ во општина Илинден

ДЕСК