Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Поповски: Приказни за постари деца се дека Унгарија и Орбан ќе го забрзаат проширувањето на ЕУ

„Не знаеме каков ќе биде распоредот на силите во идниот Европски Парламент, не се обрнува премногу внимание на тоа и тука може да се насанкаме. Огромен дел од оние аналитички првенци на опозицијата имаат голема надеж дека со претседавањето на ЕУ на Унгарија и Орбан од 1 јули, демек сигурно ќе го покрене процесот на прошируање. Тоа се приказни за постари деца“ рече новинарот и аналитичар Љупчо Поповски на поткастот „Политиканти“ на „Слободен печат“.

Тој додаде дека еврокомесарот, Оливер Вархеји, кој доаѓа од Унгарија имаше изјава во Бугарија дека нема менување на преговарачката рамка за Македонија, а тој се уште ќе биде еврокомесар до ноември, кога се очекува да биде формирана новата Европска комисија.

Поповски исткна дека се уште не се знае каков ќе биде составот на новата Европска комисија и кои партии ќе влезат во коалицијата, поради што постои можност да падне притисокот врз земјава за европските интеграции.

„Има опасност да нема притисок од Брисел. Ако не сакате останете кај што сте, ако сакате еве ја понудата“ рече Поповски.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +