20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Поповски: Од 750 слики од собирот на ЕПП, Мицкоски го имаше на една, додека Ковачевски на собирот на Европските социјалисти се сретна со Шолц, Санчез, Фредериксен

„Кога беше Конгресот на ЕПП во Букурешт, се претставуваше дека биле претставници на ВМРО-ДПМНЕ, па беше и Гордана Силјановска Давкова. Од 750 нивни фотографии, имаше само една фотографија од делегацијата од Македонија, каде се обраќа Мицкоски на панелот каде се обраќаа членки кои не се дел од ЕУ, а имаше стотици фотографии од гости, членови“ рече новинарот и аналитичар Љупчо Поповски во поткастот „Политиканти“ на „Слободен печат“.

Тој додаде дека не тврди оти претставниците на ВМРО-ДПМНЕ немале средби, но доколку биле толку важни во ЕПП, како што се претставуваат, тогаш таа важност ќе беше покажана.

„Две недели претходно се одржуваше Конгресот на Европските социјалисти во Рим. Таму СДСМ е високоранктиран член, Шекеринска е потпретседателка, Маричиќ е член на претседателството, па немаше галама дека учествувале“ рече Поповски.

Новинарот додаде дека во рамките на Конгресот, Ковачевски се сренал со Шолц, Санчез и Фредериксен.