Шанса за Центар му честиташе на градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски за објавата на социјалната мрежа фејсбук за чистењето на депонија во напуштениот објект спроти Католичката црква и повикот граѓаните да пријавуваат други диви депонии со цел истите да бидат расчистени. Шанса за Центар сепак наведува кои депонии следно да бидат исчистени наведувајќи локации кои се надвор од надлежностите на општината.
„Честитки. Следна депонијата од пожарот на Суд за прекршоци кај Партизан во Парк“, напиша Шанса за Центар во коментарот.
Градоначалникот Герасимовски реплицираше на објавата заблагодарувајќи се но потенцирајчи дека Шанса за Центар треба да се запознае со надлежностите за кои и неколкупати било разговарано.
„Шанса за Центар Гледам дека и после сите разговори, дописки и преписки ги мешаме надлежностите. Добро знаете дека станува збор за имот на Министерството за правда односно Суд за прекршоци и дека неколку пати до сега побаравме согласност за расчистување на просторот меѓутоа не ја добивме. На следната акција за чистење очекувам активно да се вклучите и вие како советници и заеднички допринесеме за подобро општество за нашите граѓани“, одговори Герасимовски во коментар.
Градоначалникот Герасимовски освен што ги повика Шанса за Центар да се вклучат во акции за чистење во објавата ги повика и граѓаните да пријавуваат диви депонии преку телефонскиот број 02 3203 693 или на веб сајтот на општината https://www.centar.gov.mk/?page_id=6768 за истите да бидат исчитени.
Во прилог – линк од објавата и коментарите https://www.facebook.com/photo/?fbid=850005537139890&set=a.308180314655751