17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Пендаровски од Прилеп: Убеден сум дека со слога и правилен избор во следните 4-5 години ќе станеме членка на ЕУ

„Убеден сум дека ако имаме минимум слога меѓу нас, зборувам и за опозицијата, во следните четири-пет години ќе станеме членка на ЕУ и ќе ги заокружиме сите стратешки цели за кои сонувале генерации Македонци и граѓани на Македонија“ рече претседателот Стево Пендаровски на граѓанскиот митинг во Прилеп.

Тој додаде дека не е сигурен дека има добар соработник и соговорник од другата страна, мислејќи на опозицијата.

„Најголема мака ни е иселувањето. Болката ни е таа, децата и внуците одат надвор, бидејќи тука немаат шанса. Нема граѓанин кој не ме прашал како да го намалиме иселувањето. Најдобро е ако тоа го правиме здружени со другите побогати и поуспешни во Европа. Ако Македонија не стане членка на ЕУ, сами, со овие сили и капацитети и потенцијал, нема да можеме да го спречиме“ рече Пендаровски.

Претседателот додаде дека затоа е императивно, на досоинствен начин, како што направивме со НАТО, да влеземе и во ЕУ.

„Јазикот ни е гарантиран, идентитетот исто. Оваа структура по 17 години ги започна преговорите и ја отвори првата конференција со ЕУ. За жал, затоа што нашиве квазипатриоти имаа поинкави планови, од различни мотиви се усојузија со Бугарите“ рече Пендаровски.