13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Ковачевски: Ветуваме зголемување на вкупното домашно производство на енергија за најмалку 70% до 2028 година во однос на 2019 година, со што државата ќе постигне енергетска независност

„Цврсто сме решени и имаме конкретен план и визија за енергетски систем кој целосно ќе ги задоволува домашните потреби за електрична енергија и ќе се базира на обновливи извори. Ветуваме зголемување на вкупното домашно производство на енергија за најмалку 70% до 2028 година во однос на 2019 година, со што државата ќе постигне енергетска независност, и самостојно ќе задоволува 100% од сопствените потреби за струја“ изјави претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во своето воведно обраќање по повод промоција на Програма за европска иднина и кандидати за пратеници на избори 2024 година.
Тој додаде дека СДСМ ќе го промовира концептот Граѓански енергетски заедници. Малите потрошувачи и производителите на енергија во еден регион ќе можат да се здружат за размена на произведена и потрошена електрична енергија. Тоа ќе ги намали трошоците и ќе ја зголеми ефикасноста за сите во енергетскиот систем.
„Една многу важна социјалдемократска мерка ќе биде враќањето на сопственост на енергетските компании во рацете на граѓаните. Нов модел на сопственост и управување. Предвидуваме државните енергетски компании да се распределат подеднакво на сите граѓани во државата. Така ќе го зголемиме капиталот на граѓаните, но и ќе им овозможиме директна контрола во работењето на енергетските компании“ потенцираше Ковачевски.
Тој најави поголема поддршка за ранливите категории граѓани преку нови финансиски и нефинансиски мерки, како и забрана за нови енергетски капацитети на фосилни горива, освен на гас.

Можеби ќе ве интересира

Почина пензиониран полицаец кој беше испратен во притвор поради трагедијата во “Пулс”

ДЕСК

Мицкоски: Клучката кај Момин Поток е еден од врвните приоритети, затоа на 19 октомври да гласаме за број 9 за решавање на проблемите на граѓаните на Скопје

ДЕСК

Алиу-Дрекслер: Со Германија имаме традиционално успешна соработка, посебна благодарност за поддршката во лекувањето на повредените од Кочани

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.