На 17.06.2026 во периодот од 17:25 до 17:40 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги привеле женски лица на возраст од 30 до 32 години, сите од Кавадарци, затоа што на ул.„Браќа Џунови“ во Кавадарци го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.
По документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.


