Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Енергетските капацитети ќе бидат во рацете на граѓаните

„Една многу важна социјалдемократска мерка ќе биде враќањето на сопственост на енергетските компании во рацете на граѓаните. Нов модел на сопственост и управување. Предвидуваме државните енергетски компании да се распределат подеднакво на сите граѓани во државата. Така ќе го зголемиме капиталот на граѓаните, но и ќе им овозможиме директна контрола во работењето на енергетските компании“ изјави претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во своето воведно обраќање по повод промоција на Програма за европска иднина и кандидати за пратеници на избори 2024 година.
Тој додаде дека СДСМ продолжува со борба против енергетската сиромаштија и најави поголема поддршка за ранливите категории граѓани преку нови финансиски и нефинансиски мерки.
„Најавуваме и забрана за нови енергетски капацитети на фосилни горива, освен на гас“, заклучи Ковачевски во своето обраќање.

Можеби ќе ве интересира

Температури до 33°C и невреме! Синоптичарите објавија повеќедневна прогноза

ДЕСК

Драма во пехчевско село: Петгодишно дете тешко повредено по удар од електричен тротинет

ДЕСК

Вознемирувачки случај во Драчево: Зрно од огнено оружје завршило во двор од куќа

ДЕСК