6.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+БИЗНИС

Битиќи најави седумчасовно работно време за некои сектори од 2025 година

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во интервју за Слободен печат најави нова револуционерна мерка во делот на работните односи.

Тој рече дека веќе се започнати соодветни анализи, кои треба да финишираат кон крајот на декември, за веќе од почетокот на следната година одредени дејсности и сектори да имаат еден вид на скратено работно време.

„Веќе од 2025 година во одредени сектори ќе воспоставиме работен ден од седум часа, односно работна недела од 35 часа наместо 40часовна работна недела, но притоа платите нема да се намалат линеарно како што некој мисли. Тоа е за да се подобри квалитетот на живот на работници. Во 2020 никој не веруваше дека недела ќе биде неработен ден и тоа е доказ дека ние политики ги имаме насочено кон граѓаните. Никој сега не зборува зошто 98 отсто од работниците кои работеа недела сега одмораат. Седум часа работен ден отвора шанси за нови работни места и ја зголемува продуктивноста. Тоа ќе биде во три сектори и ќе започне веќе од јануари следната година“ посочи Битиќи.

Спонзорирано: