Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Каква е состојбата на патиштата?

АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:

ВРЕМЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Времена измена на режим на сообраќај на државен пат Р1101 делница Прилеп – Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект “Санација на трупот на патот кај мост на река Шемница на Државен пат Р1101 км 85+903, делница Прилеп – Битола”, и тоа од 27.03.2024 ќе има целосно затворање на делницата.

СОСТОЈБА НА ПАТИШТА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, пo претежно суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 15.11.2023 година, патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, ќе биде затворен за сообраќај за сите видови на возила. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација. Овој времен режим ќе трае се до 01.04.2024 година.

Можеби ќе ве интересира

Полицијата одзеде десетина возила: Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, осуммина од нив возеле без положен возачки испит, меѓу нив еден малолетник

ДЕСК

Полицијата упадна во кафичи, кафеани и ноќни клубови во Скопје – на три места се точело алкохол на малолетници

ДЕСК

Мицкоски на пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“ во Тетово

ДЕСК